бев (гл.) - потпишан (прид.)

На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како издавач беше потпишан Стефан Јакимов Дедов (1869-1914), а фактичкиот уредник беше Дијамандија Трпков Мишајков (1872-1953).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во меѓувреме, доле во Тексас, еден писател кој се вика Брус Стерлинг веќе издал фанзин (типично строго постмодерен медиум) наречен „Евтина Вистина”; сите текстови беа потпишани со псевдоними, и сите заедно твореа групи за „герилни напади” врз СФ-от.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во возот за Виена седнав еден септемвриски ден кога беше потпишано краткотрајно примирје.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стануваше збор за исечок од „Цариградски весник“ од 1873, за допис под кој беше потпишан Димитрија Боте, учител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под притисок на Солана и Робертсон на 5 јули беше потпишан прекин на огнот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но тоа беше почитувано само од македонска страна бидејќи екстремистите продолжија со напади особено во Лешок, Непроштено, Глоѓи, Теарце и Жилче.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 8 август по долготрајни преговори во Охрид беше усвоен Рамковниот договор кој беше потпишан во Скопје на 13 август.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 22 март 2004 беше предадена Апликацијата за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО структурите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 9 април 2001 беше потпишана Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Македонија, што стапи во снага на 1 април 2004 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во септември бројот на раселените лица го достигна бројот од 120.000.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сеедно, иако не беше потпишано, ракописот го познаваше. Не му се извинуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)