бев (гл.) - потиснат (прид.)

Неговата верба беше потисната од сомнежот во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Вечерта го најде Толе чаушот Андона во чија десетина беа потиснатите рудари и овој го одведе во една земјанка и му ги покажа двете празни места.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На развлечената уста со тенки усни, острите краеви тажно висеа, беа потиснати од тежината на штркнатите мистаќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледам во гробиштата на Долнец, и во здравите и во оние што беа потиснати од водата, сите се сосема отспротива од ова место каде што ги видов коските.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Првата беше потисната во заборавот, во загубениот дел од рајот на детството, додека втората живееше во страниците на нејзиниот каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)