бев (гл.) - понижен (прид.)

Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)