бев (гл.) - помал (прид.)

Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дека се големи пријатели. - А можеби и биле! - се насмеав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посебно кога е во прашање јуне како мене! (Ете, се преправаше дека заборавила оти токму таа ме има наречено со тоа име заради она мое дивеење по куќата кога бев помал!)
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога бев помал помислував дека таа и потокот разговараат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ако беше помала, како што велиш, ќе се најдеше некој умен да ја откорне од земјата за да си ја одведе дома”, рече таа, но јас оваа нејзина досетка не ја протолкував како шега иако поштарот се смееше и кога го напушти тремот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но стебленцето му беше поресесто, ливчињата му беа помали, помазни и посјајни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа ако сакаше да помогне ќе помогнеше додека бевте помали и сами.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нивните пастрмки беа помали, седум и осум инчи, но тие сепак си ги задржаа и ги печеа на стапче на огнот што го запалија блиску до комбето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон рече дека очите се најдобриот дел и ⥊ даде едно и тоа беше бело како расцепена месечина и таа го изеде.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега таа навлегува во некое жолтило кое ја прави и немирна и ободрена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние бевме уште мали со Мирчета не знам колкави бевме, леба ми, јас дали имав единаесет, дванаесет години, а Мирче беше помал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За многумина Рада беше помалата сестра на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од нив беа помали за две глави.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над црвените очи на другиот гардист веѓите изгледаа како крила во движење.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Колку побргу тоа ќе се разбереше, толку страдањата беа помали, успехот подобар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И колку што таа повеќе се бранеше, толку тоа нему причинуваше поголемо задоволство и осветата му беше помала. Се чинеше дека ќе ја разнесе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не нѐ собира и двајцата во една приказна. Да бевме помали
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Оваа одредба е значително подобра од одредбата од ЗЗР, бидејќи според одредбите на стариот закон, прво, опфатот беше помал (имено, ги опфаќаше само работниците кои работат на работни места под посебни услови) и, второ, не беше предвиден рок со кој би се пропишувало на кој временски интервал би се вршеле здравствените прегледи (чл. 34, ЗЗР), а со тоа им се оставаше можност на работодавачите да не ги почитуваат овие одредби од законот. 137 Исто така, во новиот закон за прв пат се регулира безбедноста при работа на локација каде работат два или повеќе работодавци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Испушташе ниски извици, како гровтања, кои се забрзуваа како што тој се забрзуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ние имавме куче кога бев помала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Па, јадеме, посебно кога бев помала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога бев помала, гледав дека некои од поголемите деца одеа по мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе се качеа прво на неколку скалички, со раширени раце за рамнотежа, ќе стигнеа до највисокото скалило и потоа ќе слезеа од другата страна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Моите двајца браќа беа помали од мене.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Еднаш ја прашав мајка ми што е тоа што се случува со мене и со огледалото и зошто порано, кога бев помала, не му обрнував никакво внимание, иако во мојата соба стои откако паметам за себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога бев помала многу си ја измачував главата со тие размислувања и се обидував да ја сфатам вината на мајка ми, ама сега сфаќам нешто друго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како да заборавил колку многу се нервираше кога бев помала и кога му буричкав недозволено во собата и низ фиоките, сега тоа истото мене ми го прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И што добив како одговор?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Огне е шампион во гледање глупости на телевизија – дофрли тетка Софче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сфаќа дека веќе не може да ме смета за мала и дека мојата соба е само моја и само со моја дозвола може да влезе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, не е точно, не е точно, можеби кога бев помала, сега веќе не – ептен се изнервирав, дури и солзи ми дојдоа од лутина поради неправдата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
МОЈАТА НАЈСРЕЌНА СРЕДА
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што среќно си живеев кога бев помала!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дека татко ми на тој начин сака самиот да си олесни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)