бев (гл.) - победен (прид.)

Беа тешки повоени времиња. Фашизмот беше победен. Комунизмот објави нова ера.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тогаш, кога се потврди тоа, веќе целиот Бошев живот, од часот на заминувањето од Потковицата па натаму, до неговата погибија во Српско-бугарската војна од 1885, во која Србите беа победени, беше познат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога беше победен фашизмот, се покажа дека Татко, во градот на истекот на реката од Езерото, бранел и спасил многу борци, рисјани и муслимани вклучени во борбата против фашизмот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)