бев (гл.) - планински (прид.)

Нашето село беше планинско со малку обработлива земја. Повеќе се живееше од сточарство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа беше планинско село во подножјето на масивот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не само селото што ни беше планинско што не може да биде попланинско, туку и она малку поле што беше околу селото, беше беговско, луѓето го работеа наполу, тие на кои бегот ќе сакаше да им даде земја да работат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)