бев (гл.) - педантен (прид.)

А беше педантен и чист секогаш, во бела кошула испеглана и панталони со раб „жилет“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
До крајот на својот живот беше педантен, и покрај тоа што во последните години ослепе и не можеше сам да се грижи за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Карер го затвори гравираниот капак со иницијалите на дедо му, кои впрочем беа и негови иницијали, го врати на место стариот сребрен часовник и одново фрли поглед кон морската шир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер беше педантен човек што држи до точноста, и без оглед што отсекогаш живеел на остров, навиката постојано да се одредува во времето, со годините му стануваше уште поприсутна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)