бев (гл.) - отсутен (прид.)

Но, во мислите, и понатаму беше отсутен размислувајќи за новите настани.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јордан беше отсутен како да беше некаде далеку на некој воен полигон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и сеприсутниот Х.Х. беше отсутен. Се очекуваше во „утринската смена“.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас бев отсутен, не гледав ништо, другите се туркаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека јас бев отсутен, обземен со себе си, Коле наредуваше околу пијачката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Пријателите... јас... некое време бев отсутен.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој беше отсутен пак и туѓ и неосетлив на навредите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Виновници, се разбира, најчесто беа отсутните Балканци, сите го отфрлуваа проклетството што подалеку од себе, кон Балканот, каде на друго место?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тој беше отсутен, се наоѓаше во северната југословенска република, од каде што потекнуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Праќаше абери да се сретне со познатите на кои можеше да им верува, го побара и Каламатија кај кого беше останала благајната со народните пари со кои беше и тој задолжен, но набрзо сфати дека многу работи се измениле додека беше отсутен па речиси неволно заклучи дека за жал нивната Организација потсетува на откачена карпа што се тркала од Исарот и никој веќе не може ниту да ја запре ниту да управува со нејзиното паѓање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше отсутен, далеку со мислите, отсутен од ситните радости кои ги подготвуваше Мајка, за да го оттргне од внесе­но­ста во големиот пат, во големите идеи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)