бев (гл.) - останат (прид.)

На високите згради беа останати паролите: Смрт на фашизмот - слобода на народот! Смрт на предавничката класа! Смрт на предвоените богаташи!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тие ќе беа останатиот свет. Тотално небитен за нас.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Сега се доближуваше до сандакот и немаше никакви илузии за тоа колку храна му беше останата за идните денови во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот, низ кого денот ги процедуваше своите малукрвни, придушени одблесоци во неговата одајка, по ноќта, чија што црна темничина ја разнесуваа на парампартали оние гладни завивања на дивината, пробивајќи се при тоа и во неговиот сон, а сега поминуваше со дланките по рамениците, што му беа тврди, еден огромен, црвенокос човек, а врзан во таа зачмаеност; секоја нишка од неговите мускули, навикнати секој ден да го имаат она живо оптегнување и да просребруваат притоа сега беше останата да изумира во таа самота; секоја негова мисла, навикната постојано да ја има во себе смислата на она, што го работеше, сега, кога немаше што да се чини и на што да се мисли, остануваше пуста, како катче полно застојаност и пајаџина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од скелето пред Језекила беше падната една талпа и момчето, без да се двоуми многу, тргна само по талпата, што беше останата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имав впечаток дека тие многу подобро и подлабоко ја разбираа смислата на мојата порака.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само тие како да беа останати на големата постојано отворена врата на земјата, достоинствено верни на пријателството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)