бев (гл.) - осветлен (прид.)

Изгледаше дека братот веќе си легнал; ниеден прозорец не беше осветлен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој осветлен прозорец му копаше по срцето. Па дури и оние што не беа осветлени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По некој прозорец беше осветлен со матна светлина од ламба; во светлите квадрати ќе се појавеше сенка, ќе се протенеше и ќе се изгубеше оставајќи жолтеникава празнотија зад себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Влегоа. Таму по ѕидиштата и по масите се лепеше трепетна светлина од карбитна ламба, а просторот пак како да не беше осветлен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, кога пред своето духовно око виде како се збогува со своето тело и со душата, сфати дека не смее ни да офка ни да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ беше подредено на проблемот на желудникот... зарем не, на тоа се сеќавам, на едно нешто: само еден излог навечер беше осветлен со гас, затоа што во другиот немаше ништо, само едниот од двата излози беше осветлен, бидејќи другиот беше празен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)