бев (гл.) - нејасен (прид.)

И пак очите на брат му беа нејасни зад дебелите и нељубезни стакла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите промени кои требаше да дојдат, а за кои не знаев, ги насетував заради разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми; како што се плашев и колку што ме болеше помислата на таа разлика, така и толку ме плашеше и болеше необјаснивото навестување на односите со другите тела кои тогаш за мене беа нејасни; доаѓаа до мене, непознати, како запис кој се пренесува од генерација на генерација, уште пред да се чуе за нив, уште пред да бидат видени и искусени, запис пренесен преку крвта, силно врежан но во детството матен и необјаснив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпрвин ликовите беа нејасни. Само очите им светкаа и не беа грев туку сведоци на гревот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со мезето отсекогаш ми беше нејасен“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излезе да ме оставиш со портретите но јас дека со нив се покриени млаки пејзажи: жолти езерски брегови, светли копи сено, црвени идилични неба. најпрвин ликовите беа нејасни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И покрај своите седумдесет и шест години, Милан не беше нејасен или заборавен, и не ѝ додеваше на Рози да ѝ поставува прашања или едно исто да ѝ го кажува повеќе пати, како што обично прават старите луѓе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)