бев (гл.) - нетрпелив (прид.)

Воопшто не беше нетрпелива, туку само молеше исплашено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа дури не сакаше ни да се облизне по муцката, каде што се излепи доста од таа сол, кога тој беше нетрпелив и му ја притисна со дланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ели светеше од радост. Таа постојано беше нетрпелива - кога ќе тргне во училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој едноставно беше нетрпелив зашто сакаше токму оние што му беа најблиски нему да бидат и најдобрите меѓу луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)