бев (гл.) - најубав (прид.)

Но првиот пат беше најубаво!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пиво, млеко или кисела вода, не одбирам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Празникот на Чанга и на неговите кози за нас беше најубавиот празник на светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се плашев дека снимките можат да испаднат премногу професионално, но не мораше да се грижам, сепак тоа беа Велвети - тие секогаш звучеа сирово и природно, тоа и беше најубаво.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А., штом ќе истече закупот на Дом, снимивме само половина албум во тоа студио на Бродвеј (албумот не го завршивме сѐ додека не стигнавме на другиот брег, таму снимавме уште малку, а тогаш МГМ ни го плати остатокот).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Токму тука беше најубава тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но на еден два метра лево, косата пак закачи и Сиве веќе си мислеше дека и друг костур ќе најде, та почна да тегне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И секогаш моите букети беа најубавите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од мал имаше навик и мерак да спие на мев, а пак татко му сето време го учеше на плеќи, Ване, пак, се одвикна од првородениот, но не се навикна ни на приучениот начин, па заспиваше само легнат настрана и така му беше најубаво зашто не се будеше кога ги менуваше страните, па дури и кога главата ќе си ја најдеше кај нозете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еден преку друг, испорипавме од колата и забраздивме преку реката. Се разбира, не ни беше најубаво.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа беа најубавите маслинарници во светот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше жешко; се потевме сите, и сите беа среќни, а мене душата ми боледуваше по Луција, која седеше како самовила на ливадата, како пеперутка, како буквата „Ж“, иницијал од древни ракописи, меѓу своите другарки, дробни букви; беше најубава, најзрела од сите, вистинска буква-девојка, сета во црвено облечена; седеше таму и си потпевнуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше најубавиот дел од денот за мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беа најубавите години за неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стојна Стојановска Дајте, Ве молам Рада уште текстови, грев е да ги чувате, споделете ги со нас и така ќе си се вратиме во времето кое ни беше најубаво, кога бевме млади иако сметам дека во душата сме "forever young".
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Мораш да дојдеш да го видиш мојот, беше најубав во бутикот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Коњот застана на задните нозе, фркна и се впушти во бесна брзина која беше најубаво нешто што некогаш сум го видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Коњот не се помрдна. – Удри по мускулите. – рече братучед ми Мурад. – Што чекаш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Проклет да бидам, тоа беше радост. Ноќите поминати на таванот беа најубавите часови во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На Марија ѝ се чинеше - беше најубавото што го облекла дотогаш. Долго стоеше пред огледалото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сепак тоа беше најубавиот зимски ден што го паметам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мамо, се сетив тогаш – што го нема бато да се јави од Лондон?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа беа најубавите маслинарници во светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)