бев (гл.) - најмал (прид.)

Но осиромашениот ураниум беше најмал проблем за осиромашениот народ. Осиромашувањето на духот беше далеку поопасно. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одамна веќе беше ја наметнал црната риза и капа, се „подвизава“ заедно со сите негови „братија во Христа“; беше најмал брат и најпослушен, после дојдоа помали од него, а тој стана „ас'л калуѓер"; ги научи сите молитви напамет, дури и тие што „лекуваа“ најтешки болести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас бев најмалиот и најстариот брат ме држеше во пазувите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мене, кој бев најмал од сите, ме галеше и ме хранеше, помагајќи ѝ на мајка ми во негата и кога бев здрав и кога бев болен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Трпе ја истрпе транзицијата па за една жена беше најмал проблем.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Еден период ти падна косата, но тоа воопшто не ме загрижуваше, тоа беше најмал проблем покрај сите други. Косата набргу пак ти порасна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тоа тие не го знаеја. А нивното незнаење нејзе ѝ беше најмала грижа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем таа одамна знаеше штом и јас знаев дека љубопитниците се упатени во сите поединости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)