бев (гл.) - наменет (прид.)

Минеа дни и секој носеше нова подробност во развојот на оваа љубов, нова точка во изградувањето на овој дијалог со кој требаше да почне едно познанство, меѓутоа решителниот чекор никогаш да се направи, и никако ни првата реченица да биде изговорена пред онаа на која ѝ беше наменета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во согласност со трендот на растечките сексуални слободи, Ворхол од бакнувањето (Kiss) преку голотијата (Sleep, 1963., шесточасовна снимка на гол маж кој спие, Haircut, 1963, каде за момент се гледаат машки гениталии и доцните Nude restaurant и Lonesome cowboys, 1967, каде што се јавуваат голи протагонисти), отиде до дегутантна скатологија во склад со општата тенденција на рушење на табуата (најдалеку во The loves of Ondine, 1967) и до самото порно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, во Vinyl, 1965, е изведен садо-мазохистички ритуал, а во Couch, 1964, околу каучот во Фектори дефи­лираат голите претставници на андер­граунд сцената, покажувајќи се во различни пози, меѓу другите и Ален Гин­зберг, Грегори Корзо, Питер Орловски, како и Џек Керуак; филмот содржи и порнографски сцени, па и експлицитен хомосексуален фелацио - тогаш сè уште незамислив за порно филмовите што почнаа да пристигнуваат од Европа - и не беше наменет за јавно прикажување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќето од редимејдите нам ни се познати од едицијата што ја подготви Артур Шварц во 1964, каде сите дела се базираат или на фотографии на изгубените оригинали или на самите оригинали, доколку тие се сочувани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(3) Во Линдевата реплика на „тркалото“ столчето и тркалото изгледа како да прават сенка на ѕидот, но повнимателните набљудувачи забележуваат дека сенката е всушност илузија, внимателно нацртана со молив на ѕидот од страна на Андре Рефреј, француски уметник кој пред 15 години подготви серија од 12 илустрации во гваш-техника, кои го прикажуваа животот на Дишан, а кои беа наменети за ретроспективнта изложба во центарот Помпиду.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во петокот Рада имаше најмалку часови, па тој ден ѝ беше наменет за средба со Роска пред „Нама“ во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој од нив во музеите, ископините од античките градови, арените, тврдините, требаше да ни ја дополни големата идеолошка лекција што ни беше наменета заедно со соц-реалистичките театарски претстави што требаше да ги гледаме.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тонот на изразот беше наменет за обезоружување на младите бунтовници.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бездруго, пропаднатата петиција за затворање на диското ги оставаше соседите со глави да тропаат по ѕидовите, или можеби навистина тропањето ми беше наменето мене затоа што не правев доволно силна бучава како онаа на која навикнале.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во некои од собите воопшто немаше светилки, ниту пак мебел и беа наменети за ноќни авантури во пар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Логорот беше наменет за превоспитување на противниците на режимот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Анот имаше многубројни четвртести камени стролбови, а доби двор со шадрван, и покрај магазите и работилниците во приземјето кое беше наменето и за стоката, на катот доби соби за спиење во кои имаше и огништа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Земав една тетратка која ми беше наменета за на факултет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До мојот изум симулацијата беше наменета само за едно лице, и тоа можеше само да набљудува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, гледам, вие разбирате, за кого беше наменето оружјето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Михаил, уредно го составуваше писмото со внимателно избрани зборови кои не беа наменети никого да навредат, никого да унижат и кудат, само со молбени изрази сакаше да си го врати неговото шимпанзо кое го засака повеќе од сопствениот брат, затоа што, како што знаеше да каже, имаше повеќе рацио, интелигенција и емоционална зрелост од него...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
(Да им беше наменет само на геј- мажи, ќе значеше дека не им е рамноправно достапен на сите квалификувани додипломци на Универзитетот на Мичиген и од моја страна ќе беше непрофесионално да го предавам.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Друго беше со златникот. Тој беше наменет за да биде разменет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)