бев (гл.) - налик (прид.)

Луѓето вчудоневидени се свртеа кон неа и тогаш ги видоа двајцата распашани, брадосани бугарски војници што беа налик на сеништа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повремено сеќавањето на настанот ми изгледаше како некоја сила што сака да ме истрга некаде нагоре поради што, од друга страна, тонењето во кое ме водеше слухот беше налик подводна авантура, слевање со природата и доживување на времето како настан на чие течење сум сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга страна сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа беше налик љубовта на Сократ кон своите ученици.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)