бев (гл.) - навикнат (прид.)

Беа навикнати на постојано движење. Сега закопани в земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во селото и така и така луѓето го познаваа и беа навикнати на неговата облека.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Не можам премногу да ви платам, но верувам во истите прекрасни работи што вие ги правите”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол на крај рече добро, ќе дојдеме и откако Бил отиде, сите почнаа да размислуваат за Западната реторика - воопшто не бевме навикнати на таков пристап.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Војниците се растурја во групички, полека се вратија, во шаторот за да го почнат денот онака како што беа навикнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ниту луѓето, ниту пределот, беа навикнати на такво боботење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бил беше навикнат на занаетчии, кои возејќи влегуваа на теренот, но слаб русокос млад маж излезе од ”холивудизираниот” шевролет, облечен во работнички комбинезон со масни флеки и во сина тексас кошула, и тогаш Бил си помисли дека човекот бара работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Праксата на ова инстант богатење на директорите значително ја ослабнува фирмата и, после извесен период, почнуваат да се чувствуваат последиците од нивната алчност и неодговорност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи директорите дотогаш не беа навикнати на толку ниски приходи, прва мерка која ја применија за да ги задржат високите лични примања е дополнителното намалување на висината на платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите на вработените постојано се намалуваат...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во семејството бевме навикнати на повремените потреси кои идеа од татковата библиотека, особено пред преселби.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка беше среќна, но и задоволна што повеќе не беше во центарот на вниманието. Не беше навикната на тоа. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)