бев (гл.) - наведнат (прид.)

Тенките рамења беа наведнати напред, така што правеа длабнатина од градниот кош, сувиот врат изгледаше како да е превиткан на половина под тежината на черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Појдов кон ресторанот. Ги забележав Х.Х. и О.О. Беа наведнати над некои хартии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пргава и сигурна шепа ги зари своите канџи во нејзината слабина додека беше наведната над растението.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И двајцата со лактите беа потпрени на масата и беа наведнати еден кон друг така што челата речиси им се допираа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бојана беше наведната над големото тркалезно огледало и се шминкаше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Спринкл таа сцена ја нарече ‘Јавна објава на цервиксот’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека беше наведната во незгодна поза за да го намести спекулумот, таа се шегуваше и им се насмевнуваше на гледачите објаснувајќи дека секој што сака може да дојде до работ на сцената за да го види големото шоу.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги отворив очите. Беше наведната над мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Каде се стори ваков? - се чудеше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Старата, свртена со грб, беше наведната над шпоретот готвејќи нешто за вечера, а можеби и скривајќи си го лицето во својот срам од својот „братучед”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неколку глави беа наведнати.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Минк беше наведната, покрај трендафиловата грмушка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)