бев (гл.) - мокар (прид.)

Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЉУБА: Тоа беше на осми октомври, и врнеше дожд, - затоа што, јас си спомнувам, санитарците беа во мокри мантили, и моето лице беше мокро додека ме носеа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Носеше голем буќет и плачеше. Лицето ѝ беше мокро, прекриено со солзи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Ама да не беше мојата наметка, сега ќе беше мокар до кожа! - рекол оној што му помогнал на својот сопатник.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Натопила шарен ракав, бришит ги со левиј, натопила ракав левиј, бришит ги со поли, а на нејзин појас висит селска д'лга крпа: тја натопена ѝ беше, и тја беше мокра.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
- Аванос, си го чу својот глас, си го препозна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шамијата на главата веќе ѝ беше мокра, а очите ѝ се полнеа со солена пот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Креветот под него беше мокар. Тој беше усвитен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потта им се пробиваше од под пазувите, а прстите и дланките со кои ги држеа пиштолите веќе им беа мокри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)