бев (гл.) - млад (прид.)

— Де ќе ми кажиш оти не одиш на работа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиве беше млад и многу личен маж, та може и да тргнал по тој пат за да излезе на крај со слепата сиромаштија, што ја беше наследил од татка си Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време под големиот бор седеа Толе и Јован, сами и тивко шепотеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Крсте беше млад и јак, но со Трајка не можеше да се мери, та за час се најде под него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бидејќи, Андон беше млад, а беше и здрав, јак, ги издржа сите ќотеци во село Манастир и Витолиште, та Мефаил го дотера и во самото Полчиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, тоа беше младо срнче кое во себеси уште носеше сеќавање на мајчинска љубов и нежност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ми се внесе в лице, беше млад и загатлив признак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во рубриката „Уметност и разонода“ во саботниот број на Њујорк тајмс од 29 октомври 2000 година, Ентони Томасини, главниот критичар за класична музика на весникот, кој е отворено геј, објави напис за Дејвид Даниелс, прочуениот контратенор, кој во тоа време сѐ уште беше млад и надежен исполнител.108 Откако, заедно со Чечилија Бартоли, штотуку имаше објавено величествена снимка со изведба на Риналдо од Хендел, Даниелс требаше да настапи во главната улога во една нова и многу очекувана изведба во Њујоршката градска опера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога првпат го гледав, кога бев млад тинејџер, ме вознемири.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бевме млади, неискусни и заведени. Бевме и големи мечтатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ние бевме млади, исполнети со елан, ентузијазам, верба, храбри и посветени на идеали, секогаш готови за саможртва.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во годините минати во лудницата, каде постоењето беше излегување од реалноста, заборавив дека ниту еднаш во животот не бев излегла од Виена, заборавив дека, кога бев млада жена, со Рајнер мечтавме да живееме во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И пред неколку години беа во Венеција,“ рече Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Детето го запечати нејзиното веќе јасно видливо студенило кон него – таа не го љубеше како маж, а повеќе немаше ни потреба да го има ни како слушател.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш беше млад и лесно го воодушевуваа туѓите големи зборови, особено оние напишаните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку само беше млад и наивен – илјада и една ноќ со Шехеразада, а потоа бајката ја снема.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ме личеше тогаш, бев млада. Ми се талка и сега... ноќе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш беше млада, ама грбот ѝ беше свиен од веднењето, беше хронично уморена и заспиваше пред главата да ѝ ја допре перницата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стојна Стојановска Дајте, Ве молам Рада уште текстови, грев е да ги чувате, споделете ги со нас и така ќе си се вратиме во времето кое ни беше најубаво, кога бевме млади иако сметам дека во душата сме "forever young".
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За потврдите Беше млада и многу убава. И скромна! А најмногу беше исплашена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
САВЕТКА: Кога бев млада?... (воздивнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Де море, Митре, бре пусти, Митре, Кога си по мен’ севда имало. Што не ми кажа кога бев младо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Меѓу најмладите во групата од Македонија беше младиот доктор стажант по спортска медицина во пулмолошкиот оддел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Треба да се спомне дека значајното лице веќе не беше младо, беше добар сопруг, почитуван татко на семејство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако и самиот избега од дома и почна да води скитнички живот, со натчовечки напори некако исплива и си го најде местото во општеството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Немаше детство, никогаш не беше млад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата сопруга, сѐ уште млада жена и дури и доста убава, прво му ја подавала раката за бакнеж, а потем, откако ќе ја преобрнел на другата страна, таа му ја бакнувала неговата рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше младо и јако стебло во својата увереност: на седум рида лежат седум чуда, седум потпорни столбови на човечката мудрост: Аристотел, Поло, Галилеј, Њутон, Дарвин, Кох, Ајнштајн.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше млад тркачки коњ но одеше гордо и пресметано. Не од јогунство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иван беше млад, очуван бик со студена и пресметана крв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека беше млад и доаѓаше овде кај умилниот Диран, Камилски искрено му говореше за своите ставови и мисли, но сега остана нем за своето минато, велејќи му: Помина, пријателе верен, многу време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„И поевтино! Кога бев млад, лесното пиво - пивце, како што го викавме - чинеше четири пени за една пинта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сигурно сте преживеале големи промени од времето кога бевте млад човек“, рече Винстон испробувајќи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога бев млад ги немаше овие проклети литри.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, јас бев млад во тоа време и сакав да му ја треснам една, само што...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Илко, накрепен на високата перница, продолжи да зборува: - Порано, докторе, кога бев млад, многу мислев на смртта, многу се плашев од неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога бев млад се вљубив во една госпоѓица исклучиво заради тие нејзини дамари, каде што се чувствуваше тоа треперење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога бев млад војник, ми побараа да возам камион, а јас никогаш немав возено ниту автомобил.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Новите луѓе беа млади пост-Поп клинци како Џејн Форт, шеснаестогодишна убавица со избричени веѓи и залижана коса.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме прифатија како нивно дете. Што туку биле дојдени од Бугарија , не знам дали веќе имаа деца , беа млади.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој продолжи: – Но тоа беа тешки воени, неизвесни времиња кога, бегајќи од фашизмот, ја загубивме родната земја! – Тогаш бевме млади...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега јас сум во педесетите и имам син кој е млад.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Во Америка овој филм го нарекоа Девојката беше млада, а исекоа и една сцена и тоа беше многу глупаво затоа што сцената беше самата суштина на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нешто го изненадило татко ми кога тој имаше педесетина а јас бев млад.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Рогле беше младо момче што одвреме-навреме главата ја удираше од ѕид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Останатите две мајки беа млади и немаа свои деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бевме млади и од разделеч искричаво си влегувавме во погледот еден на друг уште пред да стасаме на нашето старо место.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кога бевме млади студенти, единствена слика на човек што младите луѓе можеа да ја видат на улиците во Лондон беше еден постер на човек со сиви слепоочници, темен костум, бела кошула.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А. Денет: Има ли потреба да се прави дистинкција меѓу популарната култура и високата уметност?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога беше млад и во полет, кога ја презеде водечката улога во семејството по смртта на својот татко, кој никогаш не подгреваше никакви цариградски илузии, по своите студии се врати од Цариград, ги презеде семејните дизгини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се надевам дека раката нема да ме издаде и дека ќе бидам прецизен како некогаш кога бев млад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти ги гонеше нив кога беше млад и ги фати? - го прашав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира, бевме млади и убави, а Лазо, татко ти, беше вистински џин.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бевме во една богата куќа, можеби бевме преку педесет партизани, имаше јадење, игравме, пукавме со шмајзерите и пушките, и на тој начин се радувавме. Сите бевме млади.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа беше при крајот на 1944 година. Тргнавме од Кичево за Тетово и таму ја пречекавме Новата година.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)