бев (гл.) - мирен (прид.)

Та тој итака беше мирен и кроток, но откако му остана невестата Доста тешка, почна за петмина да работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега Бино беше мирен, бидејќи и Јован им се продаде на Србите, та немаше кој да му забележува и да го гони ако ставе некој „лимпрч“, како што се изразуваше за државните преврати самиот Бино. Јована пак, страшно го печеше Биновата положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој добро знаеше дека народите беа мирни зашто штотуку беа излезени од стравотното време на војната.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ додека ѝ се чинеше дека сѐ уште се блиску двајцата мажи, таа беше мирна и се чувствуваше сигурна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И другите што говореа и што прашаа за Турците беа мирни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наспроти неговата сопствена бура, воздухот околу него беше мирен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пајаците по ќошињата на нејзините празни соби вредно ги плетеа своите мрежи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ноќта беше мирна и единствените звуци доаѓаа од нејзините нови станари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Баба Марија не го спомнуваше долапот. Воопшто земено, баба ти беше мирна стамена жена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И освен тоа, Вадим мошне трезвено го сакаше татка си: тој речиси не ни тагуваше на погребот и подоцна постојано беше мирен...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Сево ова е привремено - зборуваше Ирина, загрижена, а во себе мислеше: „Да и се случеше тоа на онаа плачлива глупача Наташа - тоа ќе беше едно; таа тоа можела и да го сонува; но Вадим... со неговото студенило, практичност...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вечерта, носејќи платикус12 во рацете, Јехуда Давидовиќ затропа на вратата од домот на Алегра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Та многупати децата зажалуваа што не направиле некој потежок престап, барем психолошки ќе беа мирни во рацете на татенцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ни треба починка – предложи Еразмо, притоа помислувајќи дека на неговото рамо јастребот – сомнеж цело време беше мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Улицата беше мирна, пуста. Таа ја мина и се најде на кејот, пред бедемот на реката, под сенката на високите тополи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Дали затоа што имаше убави црти на лицето, што беше мирна, скромна, повлечена во себе, што учеше добро - или затоа што и тој, како неа, имаше некој свој недостаток, некоја маана: при зборувањето, му препињаше зборот: потфаќаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За ќерка си беше мирна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Такви моменти му се јавуваа одвреме-навреме, но обично на часовите беше мирен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Излегува, по него, едно војниче, застанува пред Турците и вели: - Не се овие за селење, вели, овие беа мирни луѓе и сиромаси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега беше мирен, со рацете врзани за нозете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)