бев (гл.) - качен (прид.)

Но еве сега таа одново му доаѓа во сонот, излегува од сликата на која беше качена на коњ и која му ја подари при запознавањето со неа, и му вели: „Зошто избега така налутено?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мачката беше качена во крошната на дрвото, клекната на задните нозе и со предните на гранката што се подаваше над неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа го потсети Александар на црната мачка која една августовска ноќ мирно го гледаше со своите зелени очи кои светкаа во темницата, таа беше качена на кантата за ѓубре зад зградата каде што тој живееше со своите родители и од таа позиција зрачеше со некој вид на достоинство на средновековен владетел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Колку и да се трудеше Предо да ги избегнува, како што не избегнуваше да пцува низ заби, како да бевме качени на воловска кола, а не да се возиме во тврд мерцедес, слеговме по некое време од тоа што некогаш било пат и се најдовме со гумите во тревата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ранениците беа качени на магариња, сме залутале, се најдовме на едно ритче, пустите магариња се излизгаа од ритчето, зимно време, мраз, на глава на шија се истркалаа луѓето во едно долиште.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Горе, на изгорените ѕидишта од неговата куќа, со неколку мајстори, беше качен чичко Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Посебно Козаците и тоа во деновите на дваесет и петата или порано, додека сè уште беа дотерани во нивните козачки униформи и беа качени на црните немирни коњи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или, случајно, беше качен на оној негов црн коњ што и на соне го јаваше. Со мака се симнуваше од него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И што воопшто значеа моите глупави прашања што божем му ги упатував кога тој беше качен високо, високо, и кога тие прашања никогаш не втасуваа до него?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не ги сфаќам луѓето што зборуваат со затворена уста, - му реков на она човече што беше качено на кутијата пијалок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама кога се разденува, војничето пак прашува: - Кој ме газеше ноќеска, вели, кој беше качен на мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)