бев (гл.) - ист (прид.)

Мојата приказна беше иста со таа библиската: Годината,кога во земјата имало голема суша и глад, Големиот пророк одседнува кај вдовицата, барајќи да му меси погача.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велат „по утрото денот се познавал”, а беше ист како и претходниот: сив, безличен, бавен, неконструктивен, здодевен.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сартр се обиде да го охрабри, но резултатот беше ист.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нашиот покрив беше ист.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите беа исти: помина зимата, ебати гуната!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па и нивната работна облека не се разликуваше многу од затвореничката, така што за надворешниот посетител тие беа истите оние казненици што кршеа камен и ѕидаа темели за недостапни градби, само што сега не им ја надгледуваше работата нивни колега архитект туку нивни професор по керамика, а од работните места до бараките со спалните не ги придружуваа вооружени стражари со дресирани кучиња туку жедни жегалци по суви дрвја и дремовни гуштери под усвитени камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Според Фоте, бараките беа исти; со тоа што во попристојните простории кај влезот беа сместени професорите (а тогаш надгледниците) а во поголемите простории во средината студентите (тогаш затворениците), додека низ мрежестите стакла на прозорците немиени со години провираше по некој ќунк зинат за воздух; ако имаше ќумбе под него, тој можеше и да издишува нешто како топлина, кога веќе снагите на жителите во бараките беа исушени од внатрешно согорување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па тоа беше истиот лик, но многу зголемен, од фотографијата што Татко ја имаше поставено на ѕидот зад неговата работена маса!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На пример, во текот на шеесеттите никогаш не можев да одгледам ниту една популарна емисија на ТВ, бидејќи сите тие во суштина беа исти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, тоа не значи дека досадните работи не ми се досадни и мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што се однесува до мене, јас немам врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Куршумите во сандачето беа исти како и овие што ги пронајде со пушката, што беше причина радоста да му биде поголема, зашто не мораше да ги штеди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како да не беа истите буки, како да не беа истите мали, сенчести полјани, сè беше како сон во кој нештата ни се причинуваат како да се тие што ги познаваме, а веднаш потоа како да се нешто невидливо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Впрочем, сега, тука пред него беше истото она нејзино тело од излеан топол бел мермер што оддаваше исто толку здравје и привлечност, како и за време на сите оние безбројни часови и ноќи што ги поминал со неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зашто беше истото лето варосана, немаше потреба да ја дотеруваат однадвор, но внатре целата ја наполнија со килими, со свила, со кадифе и со специјални шандани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Последниот пат, милицајците додека претураа по работите во килерот изгледа им дојде в раце онаа слика што ја сокрив и од себеси кога стана мој Иван илегалец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Им реков дека беа исти и со мојот син Иван во растот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто се случи, што не можам да го заборавам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, се излажа. Тој и со другарите беше ист.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Докторот Станеф, кој излезе од блескавиот нов автомобил, сè уште беше истиот стар и познат Вандајк, со неиспеглан костум од едвардски твид, со стар качкет, со приврзок од тешко златно синџирче на колкот, на кое беше закачено ноже на џебот од панталоните, и со стара и изветвена медицинска торба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Патот беше ист како кога доаѓаше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се кикотеше толку што мораа да ја смируваат; на Фискултурецот пак, му остави силен впечаток што Луција толку многу и слатко се смееше, па го повторуваше тоа и на следните неколку часови; но ефектот не беше ист, иако Луција се смееше како навиена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледаше дека односот на некои литерарни кругови кон Beat генерацијата беше ист како односот на извесни офицери на мојот брод кон Elvis Presley.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Зошто таа беше истата Изабел, многу малку променета.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Па и фризурата и беше иста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пак беше истиот депресивен човек, пак нешто не беше во ред.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
После толку поминати години станот беше истиот, беспрекорно чист и сѐ на свое место.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас за тоа не им се лутев. И јас, секако, бев иста таква, како нив, пред ужасната катастрофа што нѐ стигна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оваа Клара сега стоеше на другиот брег; освен со десетте години помеѓу двете наши видувања и малата изместеност на вилицата и погледот, на неа се гледаше и она што во појавноста и однесувањето се менува при преминот од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Онаа нема и неподвижна Клара која ја видов пред десетина години, беше истата онаа Клара што ја среќавав пред тоа кога одеше со малите Густави по Виена, Клара со која живеев заедно во Гнездо, Клара која ја запознав години пред тоа, кога животот се отвораше пред нас и ветуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бравата беше иста, завртев двапати. Ја отворив вратата и влегов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да не ни беше згадена било каква помисла на оружје по босанскиот крвав пир (чии инспиратори беа исти такви типови ко што сте вие наутро во огледалото, со вашата грижа за “сопствената нација”, семејство, а пред сè за вашиот дебел г’з и чувство на комфор) може и ќе игравме некаква игра видена од италијанските и германски “леви” терористи во седумдесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И, сè ќе беше едноставно и просто ако купончињата беа исти за појадок, ручек и вечера.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа беше истиот ден кога и Јоже сврши работа, така што главната панихида пак беше за него, а Гоцета само попатно ќе го споменевме. Речиси како денес.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа беше истата личност која седеше до нејзиниот „лотосов“ цвет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рамењата на човекот во белиот мантил беа исти како оние на човекот од литературната средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Големиот човек излеан од едно парче, веќе не беше истиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше истата личност која седеше до нејзиниот „лотосов“ цвет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трубадурот беше на крајот од своите талкања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па, нели поради неа не бев иста како нив, ме третираа како да сум од друга раса.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Меѓутоа, се одвиваа во неколку европски градови каде масовно се хистеризираше поради нискиот просек на платата во однос на цените на производите кои беа исти како и во земјава.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Наеднаш се разбудив. Бев вистински малечка и лежев во соба која беше иста со собата со отвор кон таванска просторија, но него, едноставно, го немаше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се колнам ништо немаше изменето во неговото срце, тоа беше истото, Кејтенско.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ризикот беше ист и да се летне и да се остане.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во купот писма што ми ги беше оставила секретарката врз работната маса, главно покани за приеми на странски амбасади, лесно го препознав мајкиното писмо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин се одделуваше од другите писма по зелениот, обичен плик, кој со години кај нас беше ист, среде белите пликови од луксузна хартија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Забележа дека овде беше истиот мебел кога ја посети книжарницата за последен пат во 1936 година, но на истите рафтови само сега разбирливо продефилирале низ рацете на многу генерации други, нови, нови стари и сосема нови книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Собата беше истата, непроменета, со рафтови за книгите кои на времето на своја сметка ги постави Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и неколкуте книги на рафтовите беа истите кои ги остави овде пред тој да замине во 1938 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Натписот беше ист како и во 1936 година кога со библиотеката раководеше стариот Ерменец, големиот ерудит, познат ориенталист Хрант Самуелиан, кого судбината по завршените правни студии во Цариград го носи во Париз со една мала библиотека источни книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме понесуваше таа сличност и забележував дека кога ќе се насмевнеа усните на некоја од жените и дундата ѝ се подоптегнуваше во должина, и во исто време се подрашируваше, потреперуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се уверив дека тоа што го слушав било вистина: жените и горе и долу беа исти, каква уста таква дунда, и обратно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Усните на устите и усните на дундите по форма им беа исти, речиси кај сите жени, освен кај ретки исклучоци, кај жени манлии.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И навистина жените и горе и долу беа исти.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Човекот навистина цел живот учи. Се уверив во тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не беше сигурен дали е тоа гласот на О'Брајан; но беше истиот оној глас што му беше рекол „ ќе се сретнеме на место на кое никогаш нема мрак“, во оној другиот сон, од пред седум години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Белата светлина и зуењето беа исти како и секогаш, но ќелијата беше малку поудобна од другите во кои престојуваше порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вечерата траеше шест часа, беше иста за сите гости, тематска, со свежи продукти од околината.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мојата прва реакција беше иста како твојата:”Боже мој - со овие орудија, дизајнот може целосно да се измени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, не само што поштарот не беше истиот, туку и пликото што ѝ го даде, откако побара да се потпише на дел од него, не беше вообичаено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, а сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскапа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одговорот нивни беше истиот. — Немам, бре бег, немам. Сиромашиа силна, шо да права?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние секогаш го имавме впечатокот дека јадеме нешто друго, а тоа секогаш беше истото шарено тесто на нашата сиромаштија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се храбреа еден со друг. Беа исти по мирис и по намера.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев ист и таа беше иста како тебе -насмеана во ноздрите, со бела затегната кожа на јаките јаготки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И пораките што ги добиваше и од водите и од небото беа исти - да замине, само да замине.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Продавачот беше истиот, малку побел, малку помал, но во истиот класичен костум и истиот официјален израз на лицето.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Одговорот, и кај неа и кај мене, беше истиот. Лути!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Значи во скутот на тој Непознат седеше Катерина а неговиот глас дури и овде во темнината како да ми приоѓаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и гласот на Непознатиот што го слушав како доаѓа низ вратата додека стоев во собата на Грофот беше истиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Јас бев, Аксја, двапати со црвените; и откај нивна страна сум се борел“ се обидел да ја утеши татко ти, „и знам оти помеѓу нив беа истите оние луѓе кои беа и кај нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да, тоа беше истиот пијалок, безопасен но одвратен препарат подготвен од некој аптекар.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како може нечиј осет за вкус, еден толку познат вкус, да биде толку вешто прелажан?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Портата мамливо подотворена. Внатре, не беше истиот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јасмина беше иста возраст со Бистра и со Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не знаев да го прекачам мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— И лани беше истата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивното ритуално милосрдие не ми беше туѓо, можеби поради јазикот кој ни беше ист.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тогаш ми стана јасно зошто нè казни командантот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Значи, во време кога војната завршува, почнуваат и сметките, значи, сите бевме исти и кој се борел и кој не се борел.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Работеа како мрави, грбовите им беа исти, а за здивот и за потта да не зборувам”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А односот и со него, и со браќа му, беше ист: тој ги сожалуваше нив, тие пак него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во хотелската соба брат ми веќе веше заспан, мајка ми и татко ми отидоа на некоја фестивалска вечера, а јас стоев на прозорецот и гледав кон Пелистер, огромен и темен, како се надвишува над делот од градот каде што се Воени бавчи и над куќата од детството на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не – се насмеа мајка ми – беше иста ваква уличка, ама тогаш немаше асфалт, туку калдрма, камења наредени еден до друг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одевме, одевме и таа застана. Се изврте наоколу, ја разгледуваше околината и не беше сигурна дали се движиме во вистинска насока.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА Тоа беше истата таа ноќ, по враќањето од детството на мајка ми, кога дојде Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)