бев (гл.) - искусен (прид.)

Иако лоши, актерите беа искусни и ја проѕреа неговата намера.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Типот, всушност, успеваше да го привлече централното внимание затоа што беше искусен заводник, за мене малку излитена фраза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таму, во планинското село требаше да се најдете со мештаните кои беа искусни ловџии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку беше искусен, иако уште млад“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)