бев (гл.) - изненаден (прид.)

Татко ми беше изненаден од зборовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите погледнавме кон татко ми. Беше моментот тој да пресуди. Но, рака на срце, и тој беше изненаден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев изненаден од две работи. Прво, крај копаното имаше веќе тројца луѓе, првите посетители и љубопитници, оние ебиветровци кои обично се публика на секоја туѓа работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Да“, реков јас, но бев изненаден дека е тој запознат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Германците беа изненадени кога владиката ги поздрави.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Цви доби писмена поддршка од сите еврејски групации.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие двајцата беа изненадени од сложената стуктура на солунското еврејство во кое се чувствуваа повеќе, напати силно судрени идеолошки струи кои, велеше Цви, требаше да се скротат и да се стават во функција на единствениот интерес на заедницата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На дваесетина локации во Љубљана летово минувачите беа изненадени со поставените бело обоени поштенски сандачиња врз кои Давиде Грасси, италијански уметник кој моментно работи во Словенија, на четири светски јазици ја “изложи” својата изјава која минувачите би требала да ги запознае со општествено-социјалниот контекст на уметникот и уметноста воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Најмногу ме изненади фактот, дека од нив се 120 Југословени, а уште повеќе бев изненаден и од тоа, дека триесеттина се Македонци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна тоа неверување се претвори во тип на маничен заборав, па секогаш кога ќе се соочев со фактот дека тој не е меѓу нас бев изненаден, како таа информација да има само формална вредност, а никако суштинска... како таа општа констатација да е некаков трач кој набрзо ќе биде демантиран... лично од професорот Гуте кој ќе се појави однекаде и ќе ни раскаже како е таму, од онаа страна на цртата...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Татко беше изненаден од каде и како Чапаев беше навлегол во неговите планови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Почувствував дека беше изненаден од мојот телефонски повик.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше изненадена кога забележе колку многу луѓе од Архивот го почитуваа и го сакаа Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Елена беше изненадена од некои свои дотогаш непознати размислувања и чувства, па од страв да не ги заборави, да не ги изгуби почна да си ги запишува во својот дневник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пак бев изненаден од тоа што моето прашање нив како да ги развесели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бев изненаден. „Да, да“, рече братучед ми Најдо. „Понекогаш“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господинот Гроздановски не можеше да види што се случува, па затоа беше изненаден кога колегата Гологанов, по невообичаено кратко поседување, одеднаш решително стана и си замина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" Господмнот Гроздановски беше изненаден од тоа што го чу, речиси штрекнат, но не одговори, туку го погледна кучето коешто, расположено во неговиот скут и со опашката живо раступкана по неговата болна нога на којашто ова фрашкање ѝ годеше и гледајќи го гледаше право в очи, зачестено накривнувајќи ја главата налево.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти си патувал многу. Ти недостигаше во „космополитскиот круг” уште патувањето во родната земја... Бев изненаден од промената на тонот на А.А..
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По акустиката во кулата, Боб беше изненаден од природноста на својот глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не бев изненаден кога *Ментална анорексија –одбивање да се земе храна, интензивно губење во тежина, пореметување на телесната слика, опсесивна грижа за тежината и страв од дебелеење. 40 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа уште долго време детално го истражувавме влијанието на анорексијата врз односот на Еми со другите луѓе.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го свртев погледот десно и на ѕидот ја здогледав огромната фотографија на неговиот партиски водач; бев изненаден, оти само до пред неколку месеци на тоа место стоеше постер на омилената фудбалска екипа на Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во еден часот попладне, додека се трудевме малку да отпочинеме по непроспиената ноќ, бевме изненадени од експлозија на повеќе бомби проследени со силни истрели во нашата непосредна близина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека Америка е спремна за женски лидер кој им ја вади маста на сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првично сакав да ја наречам книгата Jacked In.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Навистина бев изненаден што многу жени ми рекле: „Моли е супер. Навистина ми се допаѓа.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И самиот бев изненаден од сопствениот неусилен шарм, па кога по пола час чрчорење, ѝ закажав состанок, го прифати со ветувачки кикот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но најчудно беше тоа што гледајќи ја, така заробен во униформата како во оклоп на својата судбина, маслинестозелен дури и во лицето, тој воопшто не беше изненаден од нејзината исповед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој уште вчера знаеше што му носи оној густ, ситен врнеж, што го прекина во работата; затоа не беше изненаден кога се разбуди и кога ја најде во својот прозорец токму таа бела ноќ во наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сепак беше изненаден. Најмногу од тоа што тие беа свесни за она во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тешко е да се објасни колку бев изненаден од квалитетот на овој автомобил.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Да помагаш и да се молиш за Ганка?“ праша Арсо Арнаутче. „За Ганка, за нивчето, за неколкуте овци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот како да беше изненаден од лутината на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлана беше изненадена од радоста на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На овој детал Томо не можеше да се сети при што и самиот беше изненаден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Околните гости беа изненадени од брзиот пресврт на настаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никодин беше изненаден од овие зборови на Светлана, не беше навикнат некој да му противречи, а најмалку таа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со пукање Томо го отвораше шампањското, полнејќи им ги чашите. Сите беа изненадени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекањето се оддолжи. Рада беше изненадена и од тоа што на нејзината рака немаше алка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Им се придружи Душка која, иако не знаеше за средбата, не беше изненадена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо искрено беше изненаден од отвореноста на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но и дерматолозите беа изненадени и збунети: секој определуваше различна дијагноза и секој препишуваше различни лекарства.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И таа испи сè што ѝ дадоа и се намачка со сè што ѝ рекоа, но подобрување немаше. ’Рѓата сè така ѝ стоеше на главата: копаше, кубеше, си работеше и никако да запре, да се помрдне.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и оваа крава? – Само ако ви одговара, веднаш ќе ви ја дадам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трговецот со добиток како да беше изненаден од сериозноста со која зборуваше братот. – А ако не погодам?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Почнав да пишувам. Бев изненадена кога на крај го прочитав текстот начкртан на тефтерчето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Помалку ќе бев изненаден ако се разбудев на Тибет или во некоја сибирска шума.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
До немај- каде сличен на сардина во конзерва, сардина со глава и со мисла во главата, прашав зошто сум на колата и зошто сум врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кејтеновиот син исто така беше изненаден, очигледно збунет, тивко промрморе: - Не сум крадел, - рече, - ништо не сум украл, - другар Аритоне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како што во импресионистичкото сликарство расфрланите бои не значат веднаш слика, која може да се согледа дури од растојание, така описот на едно далечно случување чијшто сведок бев, бара дистанца од којашто само на некои други може да им се создаде претстава за тој пруски град чиишто жители очигледно и самите беа изненадени со тоа што буквално преку ноќ станаа велеграѓани. Ludwig Meidner, 1918
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Петар беше изненаден кога ја виде Христина, а не Томаица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во една пригода кога една југословенска фирма на еден тендер ја загуби очекуваната изградба на песочна брана во висина од стотина милиони долари, откако на Бешира си дозволив да му кажам за крајно неповолната реакција од Белград, тој само кратко рече: - Југославија кога го загуби Трст толку не жалеше, колку за еден загубен тендер во Африка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во резиденцијата беа изненадени од моето непредвидено враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа навистина една рутинска телеграма! Како да бев препуштен на мојата писателска вокација, продолжувајќи некаков роман во себе со многу живи, директни ликови во брзото движење во процесијата на животот, во делот кој ми беше зададен...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем ова беше Бешир? ! Бев изненаден од луцидната и иронична реакција на возачот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Картагина повторно царуваше тишината, по првите палестинско-американски разговори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шифрантот Петар Иваз беше изненаден од брзината со која ја напишав телеграмата, откако ја прочита и ја шифрира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мигот ништо не одговорив. Бев изненаден од поставеното прање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Видливо беше изненаден од нивната вредност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Армен беше изненаден, ја повика својата сестра Алиса и двајца други книжари, како и еден посетител, близок пријател на книжарницата, им го претстави неочекуваниот балкански гостин, стар пријател на основачот на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако Татко и Камилски ги разгледаа сите неколку десетици илјади, ќе имаа работа до крајот на животите и пак ќе преостанеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, прифати Камилски вистина е дека има мистерии кои духот може да ги насети, но никогаш нема целосно да ги разјасни!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски во мигот беше изненаден од Татковото прашање, но не беше и неподготвен да одговори: Јас имам свое објаснување за балканското буре барут, дури и за кажувањето дека Балканот е и барутана на Европа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сепак Камилски, откако помисли дали ќе биде тоа еден од светските јазици, или првиот јазик што го научил, категорично одговори: Се разбира најсладок ми е мајчиниот јазик? Не! рече Татко со блага насмевка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од овој офанзивен настап на Климент Камилски, кој како да се чувствуваше на бојното поле со првата чета на десетте први жртвувани зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше изненаден, но остануваше уверен дека ова може да се случи само во земјата на париските букинисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од прашањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски беше изненаден од големиот број позајмени именки од османскотурски во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од овие зборови на Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од ова неочекувано прашање на Камилски, па откако малку размисли, забавувајќи го чекорењето, рече: Тогаш човекот би останал без својата длабина!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше изненаден од прашањето, кое најмалку го очекуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ема му се заблагодари за поканата, влезе со Илона во нејзината соба, ја причека да се истушира и веднаш потоа заминаа кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Директорот Стево Трајчов беше изненаден од нејзиното рано доаѓање во Центарот, но покажа љубезност кон неа и ја покани на кафе во неговиот кабинет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема беше изненадена од ваквата провокација искажана низ директно прашање, што не беше вообичен начин на општење на нејзиниот претпоставен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра беше изненадена од тоа колку брзо Ханка стануваше бледа, студена и неподвижна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Деница беше навикната на мирисот на тутун, урми и гел, но беше изненадена од интонацијата на шепотот на Ниротакис и особено од неговата недореченост (“…а по недела…”), зашто неделата беше веќе на измин, наближуваше полноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Винстон беше изненаден, како што беше изненаден и порано, од уморот на лицето на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев изненадена од оваа изјава. Зар навистина би го убил Гаро? Се разбира не би го убил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И Хелвиг беше изненаден. Кои беа причините на тој пресврт кај мајка му? Не можеше да сфати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас бев изненаден, кога при барањето да поднесеме тужба за развод, имавте друго мислење.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка беше изненадена од Татковиот тон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко беше изненаден од Мајкините зборови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, колку и да беше во тек со одлуката на Татко за да заминеме, беше изненадена од Татковиот ненадеен потег, веднаш да заминеме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зборовите ги разбираше и ги запаметуваше со леснина од којашто и самиот беше изненаден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Игор Лозински беше изненаден од овие таткови зборови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Марија беше изненадена од ненадејната зборливост на мајка си и не знаеше како ќе се одвиваат работите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На врати се појави Марија. Беше изненадена кога го виде својот шеф, пред оваа порта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но и Србин како да беше изненаден па го праша братучедот: - Камчето, не го ставаш да закљака?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Извини, но најпрвин бев изненадена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И наспроти чувството на недофатлива празнина, сè уште се насетува по некоја потајна истовремено во карактеристичниот гест, движење или во говорот кај другиот, што само ја потенцира дистанцата меѓу некогашното и сегашното.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За целото време, бев изненаден и некако засрамен – зашто ги гледам промените на нејзиното лице (тело ѝ е сè уште витко).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Веројатно бев изненаден, дури и потресен, но прекорот на невидливиот критизер не ми ја потсили загриженоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се прашуваше: дали на пример не станува збор за заговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаете како е кога ќе навалат на вас злочестите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тргна по оној пат – ја предупредив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа веројатно требаше да се спомнатите веќе страдања кои се јавуваат како последици од доставките што им ги приложуваат на одредени служби платените нашепнувачи, и тоа најчесто во вид на напишани извештаи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше зачуден. Беше изненаден!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А бев изненаден. Не толку од гласот на Катерина колку од онаа вистинска средба со Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали презедов нешто? Не! Сите вакви случувања ги сметав веќе за совладани часови од урокот по изненадувања!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но кога веќе проговорив, зошто да не го спомнам и тоа, вистински бев изненаден од природното звучење на мојот глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше изненадена. Мислам дека успеав да ја забележам малата збунетост во нејзината насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, со некоја отсутност од која и самиот бев изненаден, го продолжив монологот што требаше нешто да разјасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш на врвот на јазикот го сетив и зборот кој очекуваше да се впушти по својата задача, всушност навистина бев спремен да извикам Не очекував овде да те сретнам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Писателот по сè изгледа беше изненаден, веројатно го очекуваше Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лесно е да им се потсмеваш на туѓите постапки, помислив!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина беше изненаден и веројатно се чувствуваше како кондуктерот, кој гледа во возот што се одалечува, го испуштил а му претстоеја на многу секојдневни обврски..
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ти ни глас да пуштиш, толку се исплаши, или беше изненаден како и сите ние, само што ти молчеше а нас нѐ спопадна некоја смеа, градите ќе ни ги распори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И самиот беше изненаден од решителноста на својот одговор.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Беше очигледно дека Елен Лејбовиц беше изненадена од морничавата содржина од овој роман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите бевме изненадени, а дедо ми вчудоневиден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Настана една мешаница, сите сакаа да ми честитаат за одлично изведената улога, а јас бев изненадена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако се преоблеков, се симнавме долу во салата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)