бев (гл.) - изморен (прид.)

Седејќи сам, длабоко се замисли и, како што беше изморен од долгиот пат, дури и му се придрема, но знаеше каде се наоѓа, па ги растрла очите и се порасони.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јурак беше изморен, блед и нервозен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше изморен, но и сега тој неизоставно ги сочува сите правила на играта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една непозната недоверба во убоитоста на својата пушка, во вредноста на своите раце, против која не помагаше дури ни тоа, што сега беше изморен и сакаше да спие, решен уште утре да изнајде сѐ загубено од себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не доаѓаше со денови, со седмици дома. А и кога ќе дојдеше беше изморен, ненаспан и нервозен; не знам дали воопшто и ја забележуваше Здењичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Време беше да појадува, беше изморен, дури и преморен, а глад не чувствуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бев изморен, но и задоволен што имаше на крајот излез од Атеистичкиот музеј, разговорот со А.А., заканувачките погледи на Х.Х. , и што уште не, изместено.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)