бев (гл.) - изземен (прид.)

Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По оваа измена, гранските и колективните 50 договори на ниво на работодавец беа изземени од ова правило (чл. 1-4, ЗИДЗРО/2000).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Закон за јавните службеници, Сл. весник на РМ, 52/10, 36/11, 6/12, 24/12, 15/13, 82/13, 106/13 и 132/14. 138 129 суд,139 донесени во периодот септември 2011– мај 2013 година, од примената на одредбите на овој закон беа изземени вработените во здравството, образованието, науката, културата, општините и јавните претпријатија основани од Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)