бев (гл.) - зашеметен (прид.)

Му недостасуваа разговорите со Ренди, му недостасуваше неговото друштво, и го сожалуваше затоа што во повремените паузи помеѓу изливите на гнев, кога ќе здивнеше, Ренди очигледно беше зашеметен, истоштен и самиот тажен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По тие зборови девојките почнаа да се тресат. Ги зафати некој необјаснив студ што излегуваше низ отворената врата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѓувезија Дубровска и Сија Хаџибанова беа зашеметени. Гледаа насекаде и не знаеја што да одберат понапред за гледање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Милан беше зашеметен од ненадејната целосна смртоносност на Кетиниот свет, што се случи истото утро кога Рози беше однесена во болница, па сепак, како маж, чувствуваше потреба да ѝ каже охрабрувачки збор на жена си.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)