бев (гл.) - заплеткан (прид.)

Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И ми стануваше јасно како ден дека и јас бев заплеткан во механизмот на Централата ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ниту беа заплеткани, ниту пак имаа потреба да си го замoруваат умот, со некакви си обиди за истражувања во врска со промената.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бавчите сега беа заплеткани со многу овенати стебленца, ластунки и стракови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, да се мине толкав пат, верувам дека ке се дојде до некаква вистина за тоа откритие: Што е тоа чудното во Трајанка што ја додржа здрава и жива сиве овие години, испреплетени со пајажина во која тук- таму беа заплеткани: болка, тага, мачнина, тешка физичка работа и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Многуте нелогичности, карактеристични само за транзициониот период овде, низ кој, веќе многу долго минуваше мојата земја Македонија, создава слика: како сите да бевме заплеткани во средиштето на лепливата пајажина од пајакот на транзицијата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)