бев (гл.) - замислен (прид.)

Рангел го набра лицето в презрива гримаса и го допре Коча со рака, дека овој беше замислен и загледан надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Местото каде што нема темнина беше замислената иднина, што човек никогаш нема да ја види, но во која, знаејќи однапред за неа, можеше на мистичен начин да учествува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новоговорот беше замислен не за да го прошири, туку за да го стесни опфатот на мислата и на оваа цел индиректно и се служеше на тој начин што се намалуваше изборот на зборовите на минимум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто беше замислен и тажен. Имаше некоја тешка грижа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се правеше дека не нѐ познава.„ Го кубеше крајот на уларот и беше замислен. „Но сепак нешто станува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Главна цел на проектов (пак повторувам: во неговата техно-варијанта, бидејќи текстот првобитно и не беше замислен како хипер-текст) е што пошироко да ги искористи можностите на овој нов медиј - хипертекстуалноста, всушност да ги „размрда” сфаќањата за тоа што воопшто значи медиј и палимпсест, бидејќи во случајов станува збор за еден мултимедиски палимпсест (расказ, предавање, епистоларна исповед, мала илустрирана енциклопедија, стрип, филм - овој проект едновремено е сето тоа, без да биде заробен во оклопот на било која од наброените форми).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Филтерот беше замислен, и беше пишуван, пред се како забавна колумна.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Молчеа. Војникот сега беше замислен. Отсутно одеше крај него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога татко ми беше замислен, мајка ми ќе му пристапеше и ќе го погалеше по главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Добро е што некои од луѓето - носители на првобитната идеја, прогресираа во овој правец и веќе постојат реални можности на овој простор да се појави организација како дел од едно пошироко светско движење, која од одреден аспект ќе го третира ова прашање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Проектот беше замислен повеќе како центар за информирање и помош.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Царот стана. Беше замислен: „Сега можеш да ми покажеш што си видел.“ Минаа низ градината, преку тревникот и малиот мост, потоа низ коријата, и на крајот се искачија на една мала нагорнина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)