бев (гл.) - закачен (прид.)

Едно утро, зад својата работна маса, на ѕидот, на местото каде што, пред неколку години, беа закачени сликите на Тито и на Сталин, ја постави сликата на една нова личност, дотогаш непозната за сите нас.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Офна силно и се фати со двете раце за двете слабини во кои веќе беа закачени два штика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патникот брзаше по патот и со устата безгрижно свиркаше мелодија од некоја народна песна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓудругото, тука имаше и еден фотопортрет што беше прицврстен на една голема црвено обоена табла, потоа неговата мотика и шеширот што беа закачени на една рамка, зад која секој можеше да застане со векна под мишка и да се фотографира: „Вие сте Istvan Kantor a.k.a. Monty Cantsin како Мартон”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со голтнатите раце, овенатите ракави лежеа во скутот, како ракави на кловн или сакат, дршките на очилата наместо за ушите беа закачени едната за другата на тилот, за да стојат на место.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во моментот кога Лилица почувствува дека јазичето на Азра ѝ се лизга првин сплоснато и плавно во движењето по широко отворените залисци, а потоа собрано, зашилено и тврдо како кучешки кур се вовлекува меѓу нив, најде начин да се повлече по креветот наназад, ја потпре главата на ѕидот, си ги фати со двете раце нозете на задниот дел од колениците, ги крена високо и почувствува како Азра многу полесно влегува во неа со јазичето зашилено и тврдо како кучешки кур, за да го лизга нагоре и надолу и во исто време почувствува како најдолу, уште подолу од распенетиот дел по кој скокаше јазичето, показалецот и средниот прст на девојчето со брз ритаам и длабоко се вовлекуваат во неа, додела Андон офкаше од сласт или од тегоба држејќи ја Азра со рацете од по страните за да не се одвали, бидејќи во тој миг таа беше потпрена или, поточно, обесена на неговата машкост, беше закачена како торба на закачалка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На реверите од неговото палто беа закачени и необичн светеа двата негови ордена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Книгата веќе одамна ја имав ставено под своето зглавје, и затоа помалку бев љубоморна на тоа што сликата на мама беше закачена во татковата соба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Над брачните кревети на неговата спална беше закачена голема слика од мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Докторот Станеф, кој излезе од блескавиот нов автомобил, сè уште беше истиот стар и познат Вандајк, со неиспеглан костум од едвардски твид, со стар качкет, со приврзок од тешко златно синџирче на колкот, на кое беше закачено ноже на џебот од панталоните, и со стара и изветвена медицинска торба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До таблата беа закачени рамки, како оние ви музеите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како по дрвјата да беа закачени фенери.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ја гледав: немаше повеќе од дваесет и две-три години; болскотеше под силната светлина како рипка во вода на залез; качена на трапезот, правеше страотни вратоломии, со кои сега нема да ве заморувам; со неа, од другата страна вежбаше нејзината сестра, Светлана; се разменуваа на трапезите во совршена тишина, така што се слушаше само крцкањето на жиците на кои беа закачени трапезите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го принесов малечкото столче крај печката, се наместив под ламбата што беше закачена на ѕидот и ја превртев првата страница.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Десната рака клапнато му висеше, како да беше закачена за рамо само со конец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бојан го запрета убаво жарот, си го закопча палтото, ја крена јаката, зашто завивањето на ветрот во оџакот стануваше се посилно, што значеше дека надвор веќе не е пријатно за шетање, ја зеде секирата што беше закачена на еден клин во тремот и излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лилјаците уште беа закачени за мене, за моето месо од кое капеше зелена крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но мојот сон беше повистински од сѐ што доживував.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Собирајќи ги својата чашка и неговата кригла, Азис го поведе зад шанкот каде што зад завесата во задниот дел беше закачен за ѕидот старомодниот апарат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Десната рака капнато му висеше, како да беше закачена за рамото само со конец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа му го додаде тенкиот коноп на кој беа закачени четири дузини свежо испрани алишта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)