бев (гл.) - заинтересиран (прид.)

Не беше заинтересиран за каков и да е природен феномен, ниту за спектарот на кој и да е елемент.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во тоа време бев под влијание на композиторот Џон Кејџ, кој беше заинтересиран за такви нешта какви што се “случајноста” и “алеа­торните механизми”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски, кој трагаше по издавач, конечно увиде дека никој не беше заинтересиран да го прифати објавувањето на нивното дело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Туку, да продолжам јас со приказната: особено двајца беа заинтересирани да се најдат во друштвото со Поетот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И така почнавме да се The Velvet Under- сретнуваме со сите видови ground на луѓе: оние кои ги виделе филмовите беа заинтересирани and за изложбата, а клинците кои Nico доаѓаа во Дом сакаа да ги видат филмовите и сите тие групи се мешаа - музика, уметност, мода, филмови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(Всушност, INEVITABLE полниот оглас за Дом содржеше и порака дека во сабота нема да with има свирка заради отворањето Andy Warhol на изложбата).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со неверојатниот литерарен шарм ја надвладеа “роднокрајната литерарна траума”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Жалната надменост на епската нарација му беше туѓа, и за разлика од неговите современици, не беше заинтересиран за конјуктурно заверижување во провинцијалната литературна провинција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа толку многу ме понесуваше што се плашам дека дури и Едо, кој за жени не беше заинтересиран, можеби ја забележа мојата полакоменост по неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За неа беа заинтересирани локалното друштво за заштита на животните, асоцијацијата на крводарители и управата на локалниот тениски клуб.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сепак неколкумина критичари изгледа беа заинтересирани да порасправаат за содржината.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ако бев заинтересиран за тоа што чувствува младиов пријател прашањево ќе му го поставев нему - ѝ шепотеше Стариот писател но доволно силно за да слушнам и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па, колку што јас можам да сфатам, луѓето кои ги знам во основа не ја сакаат и никогаш не ја сакале авангардната музика и знам многу луѓе... разговарав со нив и им ги свирев тие работи, но поголемиот дел од нив не беа заинтересирани; а тоа се повеќето од луѓето кои ги познавам.  К: Не, но тоа не е така и во останатите видови од нивниот живот: да речеме во она што го јадат и останатото?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ уште беше заинтересиран за мојот одговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога во 1983 г. дојдов во Будимпешта да направам истражувања во Музејот на пропагандата, бев заинтересиран за создавањето на идеолошките нарации од времето на транзитивниот период на комунизмот, во периодот 1945-1952.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)