бев (гл.) - еднаков (прид.)

Знаеја тие дека фустанчето што го носи е донесено директно од Париз, ама не знаеја дека претходната вечер го теснеа тука, во Скопје, по две педи од страна, зашто толкав и беше стомакот пред да го пометне детето, па под сликата на гламурот, никој не можеше да прочита колку тага се крие под тој фустан, голема како и празнината под него која, како по законот на Архимед, беше еднаква на истиснатиот волумен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но за К.П.Мисирков во македонските услови таквиот став беше еднаков на пораз.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За време на комунизмот нѐ облакаа у плави кецели со што би нѐ раздвоиле од класните разлики во системот во кој нели сите бевме еднакви.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- И во Југославија сите беа еднакви. - Ебано еднакви у плави униформи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Сите беа еднакви само некои пушеа филтер Југославија, а некои одеа и во Либија на гурбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Односот на Стево Трајчов кон Илона беше еднаков како кон сите останати жени во зградата, освен што таа имаше посебен третман во сместувањето – спиеше сама во еднокреветна соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Горда одбираше од маслинките, како да зоба грозд, туркајќи ги кон него оние што ѝ се чинеа помали, макар што сите горе - долу беа еднакви; а Грдан си налеваше во чашката само до половина, но секогаш кога ќе погледнеше му се чинеше дека е празна, како да истекуваше од дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)