бев (гл.) - долг (прид.)

VIII Ноќта, спроти денот кога Татко ја очекуваше и конечната навистина формална, но сепак дефинитивна одлука на Судот, беше долга.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Рацете му беа долги, а главата голема.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Разговорот меѓу нив не беше долг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето беше заради една скромна награда која за него беше цело богатство, тоа беше долгиот бакнеж на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред неа беше Долгиот. - Млада дамо, дозволете ми оваа вечер да бидам Ваш покорен слуга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чевлите му беа долги и шилести, со нив можеше да се копа јаглен во рударска јама.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја спружив колку што беше долга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јаболкницата во нејзиниот двор ја посади дедо ѝ, кога се роди најстариот брат на Ева, значи броеше цели дваесет години, а тоа беа долги години на поројни дождови и суши најизменично.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Патот беше долг и траеше цела ноќ. В зори нѐ растоварија покрај морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И еве сега добриот Бог на преселбите им ги спои судбините за до го најдат на крајот патот на јагулите, патот на нивното враќање од егзил... VI Ноќта беше долга, студена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Косата ми беше долга и густа и знаев дека вредам, па некогаш си се восхитував на сопствениот изглед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За тогашните емигранти немаше трето решение: или да го примат овдешното државјанство, а тоа беше долг процес, или да заминат кон западна Европа, а потоа преку океаните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)