бев (гл.) - дефинитивен (прид.)

Но тој не беше дефинитивен песимист. Го сакаше животот, веруваше во него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој не веруваше дека судбината на човекот во историјата е проблем кој би можел да се разреши во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше една од продолжените форми на нивната љубов, која не можеше да заврши, за која и самата смрт како да не беше дефинитивна пречка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)