бев (гл.) - детски (прид.)

Професорот по цртање беше детска играчка, мал, со добродушно полни образи и со немирни прсти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислам дека и движењата ѝ беа детски, и смеењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)