бев (гл.) - впечатлив (прид.)

До толку беше впечатлив што тетка златарка ми прати ишарет и со пантомимата, колку што сфатив, сакаше да ми каже: „Парче како спроти тебе, не го пропуштај“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Очите му беа впечатливи поради својствената хистерична бистрина и постојано се служеше со нив на некој свесен, театрален начин, што многу дразни кај момче.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Посебно му беше впечатлив стомакот, што непослушно му имаше излезено од панталоните и непристојно му завршуваше негде горе до гушките или барем така мене ми се виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пол беше височок за свои години и многу беше тенок, со дигнати, збиени раменца и со тесни гради.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згора на тоа, двете крвави локни кои бесниот Ѓорѓе овој пат ги предизвика во немоќ, беа впечатлив доказ за вистинитоста на приказната на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги обвиваше во хартијата, не оти кориците на книгите не беа впечатливи, туку да се зачуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)