бев (гл.) - влажен (прид.)

Томас Пинчон Малиот дожд Надвор, во кругот на касарната пукаше од жештина. Воздухот беше влажен и неподвижен.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше уште пролет, земјата беше влажна и поливањето не беше потребно, но не беше ни штетно. Штом полива, нека полива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Работеше брзо, иако не беше лесно, зашто снегот беше влажен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Разврската мораше да се случи. Беше влажен мартовски ден. Метрополата тромо дишеше под густата магла.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја загледував земјата во втората кофа. Беше влажна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше влажен. Во него нараснуваше врелина и бараше излез.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)