бев (гл.) - видлив (прид.)

Првите беа видливи, а вторите притаени.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговата вознемиреност беше видлива, но и напорот да ја смири, да не ја покажува.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, белите прамени, остеопорозата и брчките кои беа видливи, отсликуваа сосема друга слика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Различноста беше видлива, и за неа, и за другите околу неа, посебно за прифатените жени во Центарот, а тоа ја исполнуваше со радост што преминуваше во топлина, во необична мекост и непосредност во однесувањето кон нив, станувајќи им на тој начин блиска и пријатна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дождот целосно ја освежи земјата. Неговиот благодат беше видлив во сите нешта што растеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во ноември 1989 на 17 конгрес на ЦК на СКЈ дојде до израз големата подвоеност меѓу републиките односно националните раководства.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Крајот на југословенската држава беше видлив.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
После можеше да ги сети и оние двајца, што одеа напред, знаеше дека му се свртени со тиловите, но и тие на некој начин како да му беа видливи со онаа нивна зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понекогаш беше и интересно, тоа старче, имаше понекогаш и вакви, чудни мисли, и кога не ќе беше видлива од зад тоа неговата рачичка, тогаш Змејко можеше и да го слуша.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За неа јас останував невидлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и да се случеше Катерина да сврати во оној дел од собата што беше видлив јас и тогаш не ќе можев ништо да сторам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А оти животот кон него не беше многу-многу наклонет, се разбира, тоа не требаше да се испитува, белезите на еден сигурно суров и несреќен живот му беа видливи како на лице драсканица од анџар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јасно го виде својот лик на кој беа видливи сите детали, дури и брчките на челото, кои како есенски бразди лежеа искривени под надвиснатата коса.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Игор Лозински ги прекина татковите мисли, токму таму каде што не беше видлив излезот: - Немаше крај во лудоста на мислата Сталинова, претворајќи ја земјата во лавиринт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Возбудата беше видлива уште на почетокот, кога таа рече: – Каде запрев, чеда мои? – Кога дојдоа Италијанците во Поградец! – рече еден од браќата. – Да, дојдоа италијанските војници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше еден од неколкумината членови на Семејството чијашто надареност беше видлива.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)