бев (гл.) - верен (прид.)

Тој својата кариера долго време ја градеше во неокомунистичката партија и беше верен слуга на Џони Вокер и на Ѓаволот се разбира.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие не ѝ беа верни на Партијата, или на државата, или на идејата, тие си беа лојални еден на друг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но не изгубив надеж додека со мене беа верните книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Језуитите беа верна духовна милиција на папата, за разлика од јаничарите кои беа физичка армија со однапред кастрирана духовна моќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некои ситни износи имаше оставено и за нејзината послуга, луѓето кои и беа верни се до самата смрт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не го лажев, колку-толку се трудев да бидам фер, без разлика на неговите постапки, јас стоев на своето и бев верна на сопствената личност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да, токму така. Рада беше верна копија на црната овца во фамилијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега мачорот му беше верен на Милан, а кон секој друг беше рамнодушен ако не и индиферентен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На што беше верна верноста висока ако сега од срам се крие и бега?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ми беше верен читател, ретко беше критички настроен кон моите книги, секогаш имаше пофални зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие, дванаесетмината му беа верни на водачот и во негово име викаа и вестеа по селата ниту еден Македонец, ниту една Македонка да не остане надвор од стројот. И така би!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговото молчење беше елоквентно - Едносложниот yes-man до медијот, тврдоглавиот дрдорко во својата козерија, Енди Ворхол секогаш беше верен на својот збор.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од таа страна тој им беше верен на дедовските обичаи и, расправајќи се со жената, ја нарекуваше неверничка и Германка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денот на погребот конечно дојде. Службата беше оддржана во катедралата свети Петар, една величествена црква сместена во највисокиот и најстар дел од градот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 219
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Два дена подоцна Борхес беше погребан на тоа место, кадешто сега почива.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беа читани две опела: едното го одржа католички свештеник, а другото протестантски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)