бев (гл.) - брз (прид.)

Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку што изложбата беше исцрпна, исто толку и нејзините организатори - Понтус Хултен (консултант за современа уметност во Палацо Граси) и Џенифер Гоф - Купер и Жак Камон (трудољубиви Дишанови изучувачи цели 15 години) - беа брзи во пренагласувањето дека намерата не им била да направат преобемна ретроспектива. 104 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А Камилски беше брз, нестрплив, глобален во прифаќањето на Татковите идеи од сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако се има во вид нивото и дострелот на изложбата во Палацо Граси ( 250 експонати, од најраните платна на Дишан, до студиите на неговите последни дела), и обемот на придружниот каталог (повеќе од 600 страници) лесно може да се заклучи дека изложбата е една поголема ретроспектива, слична на четирите досегашни ретроспективи посветени на овој уметник (Музејот во Пасадена - 1963, Галеријата Тејт - 1966, Музејот во Филаделфија - 1973, центарот Жорж Помпиду - 1977).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А Климент Камилски беше брз, нестрплив, глобален во прифаќањето на Татковите идеи од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Слушнавме како се отвора вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)