бев (гл.) - благодарен (прид.)

Набрзо ми беа благодарни и пуштија млади лози.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така во ова летно утро, наоѓајќи се меѓу овошките и зеленчукот, Милан беше благодарен поради тоа што ништо не го болеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак, му беше благодарен на татка си за две работи на кои го научи – да умее самиот да си го вади лебот и да се образува колку што можеш повеќе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку ќе и бев благодарен да постапеше така.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но таа очигледно не беше спремна да се откаже од својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нивните мажи се забуцуваа ноќе околу куќава како колци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Биди разумна... - Ме проколнуваа, потоа ми беа благодарни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа му беше благодарна на господ што синоќа ѝ го покажа ова брложе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За тоа им беше благодарна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Многу ѝ бев благодарен што ме сфати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За она што ѝ рече на мајка ми, му бев благодарен, но, за легнувањето му се налутив малку.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе ми изгореа за малку колачите, - викна оттаму, и не ни обрна веќе никакво внимание. Колку ѝ бев благодарен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, хигиеничарките му беа благодарни – од силата на неговиот глас лебарките и бубашвабите се уплашија и избегаа надвор од болничките простории.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Му беше благодарен со својата жена на Богот на преселбите, што во големата европска скитија го запре пред ова Езеро, за да му биде татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Толку му бев благодарна на зет ми, но исто толку ми беше криво зошто не можев да одам кај нив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Длабоко во себе, навистина им бев благодарен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зад нас, полицијата штракаше фотографии, блицовите грмеа како молњи, самите светкавици беа сѐ уште далечни но полека се приближуваа, грмотевиците гласно тропотеа терајќи езерски ветер пред себе така што облаци од песок зуеја врз металните страни на амбулантната кола. жмиркајќи одевме кон осветлените прозорци на Златниот Брег додека сенките на љубопитници привлечени од ротационите светла итаа кон брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти бев благодарен за тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што станало? што се случува?“ нѐ прашуваа и продолжуваа не чекајќи го одговорот, а ние и не дадовме одговор туку само продолживме тивко да чекориме во ноќта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)