бев (гл.) - активен (прид.)

И едно време беше активен во партијата на прогресивците, ако добро паметам.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се сеќава како, иако не многу опитен сепак внимателен, внимателно одговараше на прашањата од новинарот Зимха Зајден, обликувајќи ги одговорите така што да зрачат со скромност, камуфлирајќи ја амбицијата, а едновремено, пред читателите да ја истакнат неговата неповторлива личност: „Јас бев активен како рабин и предавач во Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Љупчо порано беше активен во партијата на последниот претседател на Републиката.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други рабини се обидоа да го добијат ова место, но не беа прифатени поради нивното скромно познавање на хебрејскиот јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука беа активните САД, со шестата флота во близина, карши беше Италија, со силни бази на НАТО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)