бев (гл.) - покрај (предл.)

Нешта кои, додека ги имав или беа покрај мене, не ми значеа многу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јана постојано беше покрај неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите ние, кои бевме покрај него, го тешевме, а еден дури и му вети: - Немој многу да се секираш, пријателе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)