бев (гл.) - меѓу (предл.)

Но вистинскиот пекол беше меѓу нас, помеѓу еден и друг, се преживуваше со паразитско кодошење за сметка на другиот, кој потоа беше подложен на тортура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дозволив да ме слушнеш само кога беше меѓу моите бедра.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Но животното, кое би се открило како наследник на Домаќин, не беше меѓу овие живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секогаш кога вратата ќе се затвореше, масата, што беше меѓу нив, се затресуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
СИМКА: Грев правиме... Ти се молам... Костадине... Што беше меѓу нас, беше...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога имаше организирано работнички штрајкови во „Охис“, Х.Џ. секогаш учествуваше и беше меѓу првите гласноговорници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна се формираа и повеќе различни синдикални групи во кругот на фабриката – но, нивен заеднички именител е тоа што тие не водеа речиси никаква грижа за работничките права, туку постоеја pro forma – чисто поради желбите на одредени амбициозни поединци да бидат „синдикални лидери“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лилјаците уште беа закачени за мене, за моето месо од кое капеше зелена крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тргнав, пак со грлен извик и пак бев меѓу луѓето, меѓу нивните сенки и воздишки на претсмртници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни кажуваа дека Југославија беше меѓу четирите земји во светот кои произведуваа подморници, се разбира покрај авионите, тенковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вака Мила беше меѓу првите на листата за ликвидација зашто учителот на многумина им бодеше очи, со козлето на прагот на училиштето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Златко истрча од куќата и преку широката ливада што беше меѓу пругата и нивната куќа, отиде кај човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)