бев (гл.) - херој (имн.)

Не сфатиле будалите, дека не бевме херои, туку го бевме избрале поугодното место, од каде не се гледаше, или беше затскриено за нашите погледи, местото на нашите идни могили“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И не се чувствуваме веќе како работници, туку како пионери, истражувачи, бевме херои, светци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чудеше. Како тоа, докторе, кога јас бев херој на човешката смеа?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Откако Јагулче Дримски се прослави во овие задачи во градот на истекот на реката од Езерото, локалните раководители, со согласност од погоре, му ја доверија историската улога да раководи, не само со луѓето, туку и со водите, со водите на Езерото, со водите на реката, со водите на сите притоки што се влеваа во реката и Езерото. Беше херој на суво, а не на води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мојот деденце беше херој. ќе го паметам како моја гордост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секако, порано или подоцна, оние долу ќе го зaгубат трпението, ќе протестираат, ќе пишуваат писма до Парламентот, зошто никако не завршува изградбата на проклетата кула?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)