бев (гл.) - убавица (имн.)

„... А Гала беше убавица!...“ продолжуваше раскажувањето на Никола Толевски сега прикажувајќи ја Гала, Галица, сестра му на Еда Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ја купивме третата, таа беше убавица и за да не ја фати урок спасителката Сталинка, ја завикавме Грда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше убавица! Без оглед колку тоа сега се чини банално.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)