бев (гл.) - темница (имн.)

Беше темница, но по миризбата го пронајде вртипопот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Надвор беше темница кога си заминаа, ама ветрот и во темницата ги виткаше гранките од дрвјата и ја креваше пепелта од патот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште да беше темница, си реков.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Надвор веќе беше темница.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Стани малечок, - рече, - стани силен Леме, пристигнавме! (Проклет да бидам, пристигнавме, сè уште ми беше темница в очи, како давеник се држев за Кејтеновиот син.) Оставив да ме носи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Избезумени бегавме назад во домот, сè наоколу беше темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)