бев (гл.) - стан (имн.)

Во утрата, додека уште можеше да се излегува надвор, се прошетував до зградата во која беа становите на Зигмунд и Роза, понекогаш ќе заѕвонев на вратата од домот на сестра ми, за да ја разбудам внука ми Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Под керамидата беше станот на неговиот пријател од градот, врабецот Џив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Имаше дваесет и три години и беше убава како што некогаш беше Роза, најубавата од нас петте сестри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)