бев (гл.) - срам (имн.)

Колку пати кутрата и ќе заплачеше кога ќе дојдеше нејзиниот Трајче, извалкан од глава до петици. Ѝ беше срам и од наставниците во училиштето, од другарчињата на Трајче, па и од комшиите.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не можев в очи да ги погледнам моите, толку многу ми беше срам поради лагата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си влегов веднаш во мојата соба, кога таму – што да видам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се врати, кутрата, назад, но пак продолжи да паѓа во несвест: ѝ беше срам од селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од друга страна, му беше срам од нејзините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Му беше срам од таквата своја одлука, дури и пред адвокатот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Всушност, со еден исклучок, целиот расказ тој со никого не е во блиско друштво, освен со себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ни најмалку не му беше срам и не беше осамен“, ни вели раскажувачот на Катер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не му беше срам на сред игра да се издели од децата ако ја заушеше негде во дворот невдоапно да ѝ скокне на половината, да ја счепчи со нозете, со едната рака да ѝ ја раскопча блузата ас со другата да ѝ ја извлече едната цицка голема како фуска и веднаш да почне да смука.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но ни трезен, ни пијан, ни мамурен не склопи око и не му дојде сон, па утредента штом стапна во кабинетот се јави во полициската станица од нивниот кварт, зашто му беше срам лично да се појави таму и претставувајќи се да објасни во што му е проблемот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми беше срам да прашам дали имаат друг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повторно пребледев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Како не ми беше срам мене клетата“, си велеше, „да седам: онаму на патот и да го исчекувам да ме стигне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ми беше срам да се повлечам, но многу ми беше жал за Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сладоледот се топеше и му капеше на мантијата а нему му беше срам јавно да лиже.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не се сеќавам кој случајно седнал врз него.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми беше срам да плачам. Па и не требаше да плачам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сите се смееја... И јас се смеев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој ден ми беше срам да се вратам в село.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стигнав во Струмица во мојата единица, страшно изморена и како да ми беше срам, како сите да ме прочитале дека сум згрешила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми ми велеше да ме носи на лекар, а јас не сакав затоа што лекарот ќе ме соблечеше, па ми беше срам од татко ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу е тешко во животот кога човек ќе го промаши она за кое живеел.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Така, од нешто ми беше срам... Ете, тоа се случи еден ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)